народност | ж.

Припадност кон еден народ; националност. Македонец по народност.

народностен | прид.

Што се однесува на народност, што е својствен за дадена народност. Запознавањето со еден народ, со она што ја прави неговата народносна посебност не може да се замисли без проникнување во светот на неговото народно творештво.

народски | прид.

Што е својствен за народот, за широките слоеви на народот. Народски начин на живеење. Народски збор. Народско кажување.

нарожи | св.

За добиток (теле, јаре и др.) – добие рогови. Јарињата нарожија.

нарои се | св.

Со роење се намножи (за пчели и др.).

нарони | св.

Изрони доволно, колку што е потребно.

нароси | св.

безл. (само 3 л.) Падне роса врз некого, врз нешто. Не излегувај, надвор роси, ќе те нароси.

нарочен | прид.

Што е посебно наменет, за посебна потреба; специјален. Секогаш си имаше нарочна шаховска табла за слепи.

нартекс | м.

Предворје на храм.

наруга се | св.

Се навика по некого, исмее, навреди многу. Одвај се воздржал да не им се наруга.