наружа | св.
Дотера, нагизди, накити некого, нешто.
наруча | св.
Даде некому да руча, даде ручек. Им меси пита и убаво ги наруча децата.
наруши | св.
Прекине, попречи определена состојба што траела. Ја наруши рамнотежата на силите. Ја наруши тишината. Го наруши мирот.
нарушител | м.
Тој што нарушил некакви правила, закон и сл.
нарушувач | м.
нарцис | м.
Украсно растение со луковичав корен и со бели или жолти цветови со пријатен мирис; Narcissus L.
нарцисоиден | прид.
Заљубен во себеси, самовљубен. Нарцисоидна девојка.
нас | зам.
Долга форма за директен предмет и општа форма од ние; кога не е со предлог, освен во извесни ретки случаи, оди заедно со кратката форма нè; Кај нас се собраа сите. Остани со нас. Нас нè повикаа да сведочиме. Прво ќе ве почести вас, а после и нас.
насад | м.
Површина на која се насадени растенија. Лозови насади. Овошни насади.
насади | св.
За растение, дрво – изврши садење. Насади компири. Насади тутун. Насади лозје. Насади круша. Насади липа.