насиет | м.
Порака, завет – во изразот: насиет ми (ти и др.) остави. Насиет ми остави таткото да не се делам од братот.
насила | прил.
Со примена на сила, принудно. Ги земале насила да служат во туѓи војски. Овдека насила нè донесоа.
насилба | ж.
Примена на сила врз некого.
насилен | прид.
Што се прави насила, со принуда. Насилно иселување. Насилно присоединување.
насилено | прил.
Неприродно, наместено, сосила. Се насмеа насилено.
насили | св.
Присили, принуди некого. Никој не го насили, сам реши да се оддели од нас.
насилие | ср.
насилник | м.
Тој што прави насилство.
насилништво | ср.
насилствен | прид.
Што има својство на насилство, што се врши со насилство.