насекира | св.

Вознемири, растревожи, јадоса некого. Многу го насекира разговорот со братот. Не им кажав на домашните да не ги насекирам.

насекува | несв.

населба | ж.

Населено место (село, град и сл.).

населен | прид.

Што има населби, живеалишта на луѓе. Населено место. Населен крај. Густо населена област.

население | ср.

Жителите на населено место или територија. Град со мешано население. Попис на населението.

населеник | м.

Тој што се населил некаде. По првиот населеник местото го добило и своето име.

насели | св.

Доведе, смести некого да живее на некое место. Бегалците ги населија во една напуштена рударска населба.

насети | св.

Почувствува, предосети. Ја насетил опасноста и навреме се засолнал. Детето ја насети нивната намера и го повика таткото. Птиците можат да го насетат времето неколку дена порано.

насече | св.

Со сечење добие определено или големо количество нешто. Насекол леб за сите. Насече дрва за цела година. Насече гранки со купишта.

насеќава | несв.