насилство | ср.

Примена на сила врз некого против неговата волја и неговите права. Трагите од насилството беа видливи на неговото тело.

насип | м.

Појас насипана земја, камен и друг градежен материјал, издигнат над нивото на почвата или на водата. Железнички насип. Насип за пат. Насип за одбрана од поплава. Одбранбен насип.

насипе | св.

Тури, налее течност во некаков сад. Му насипа вино и го покани да наздрават.

насипиште | ср.

Нанос, насип од песок, земја и друг материјал.

насири | св.

Потсири доволно или големо количество млеко, добие доволно или големо количество сирење.

наситен | прид.

Доволно сит, најаден; гладен.

насити | св.

Доволно, до ситост нахрани некого.

наситка | ж.

Наситување; обично во изразите: нема наситка, не знае за наситка. Тој човек нема (не знае за) наситка.

наситни | св.

Направи нешто да биде ситно, поситно, издроби, исече ситно.