насапуни | св.
Намачка со сапун. Одвај ги насапуни мрсните раце. Кога му го насапуни лицето, детето почна да плаче.
насаска | св.
Обично за куче – даде наредба за напад. Кога им го насаска кучето, сите се разбегаа.
насвири се | св.
Со свирење се задоволи, помине доволно време во свирење.
насева | несв.
наседи се | св.
Помине долго време во седење. Се наседовме, чекајќи ги да дојдат.
наседне | св.
Седне на нешто не сакајќи. Си го наседнал мантилот.
насее | св.
Изврши сеење на некоја површина, посее доволно. Едната нива ја насеа со пченица, а другата со 'рж. Ги насеа предвидените површини со јачмен.
насеќава | несв.
насекаде | прил.
На секое место, секаде. Сонцето насекаде ги ширеше своите зраци. Насекаде се чувствуваше мирисот на пролетта. Тоа го има насекаде.
насекира | св.
Вознемири, растревожи, јадоса некого. Многу го насекира разговорот со братот. Не им кажав на домашните да не ги насекирам.