наслов | м.

Збор или состав од зборови што претставуваат назив на некакво авторско дело (литературно, научно, музичко и др.) или на некаков текст.

насловен | прид.

Што се однесува на наслов, што е поврзан со наслов. Насловна страница. Насловна улога.

насложи | св.

Сложи повеќе предмети еден врз друг или на некој друг начин. Ги насложи дрвата крај ѕидот. Насложете ги книгите каде што стојат.

наслои | св.

Нанесе, натрупа во слоеви.

наслон | м.

Потпирач на стол и сл.

наслони | св.

Потпре. Главата си ја наслони на раце.

наслојка | ж.

Слој или ред слоеви на некаков материјал во земјата, наслага.

наслути | св.

Насети, предосети. Во мракот можеше само да го наслути неговото присуство. Селанецот како да наслути нешто, подзастана.

наслуша | св.

Напрегне внимание нешто да чуе. Молчи и наслушај колку што можеш да чуеш. Застана да наслуша, но ништо не чу. Ја подигна главата и наслуша.