наслушувач | м.
Тој што наслушува.
насмеа | прил.
На смешен начин. Насмеа кажаната вистина полесно се прифаќа. По секој потег придаваше нешто насмеа, зашто за него шаховската игра беше претстава. Тоа што ми го кажа насмеа било вистина.
насмеан | прид.
Што има насмевка на лицето. Насмеано лице. Насмеано дете.
насмев | м.
насмева | повр.
насмевка | ж.
Израз на лицето, при што малку се развлекуваат усните, кој покажува добро расположение, задоволство, или подбив, иронија. Пријателска насмевка. Блага насмевка. Ведра насмевка. Љубезна насмевка. Широка насмевка. Студена насмевка. Подбивна насмевка. Кисела насмевка.
насмевне се | св.
Добие насмевка на лицето, со насмевка изрази некакво расположение. Весело се насмевна. Се насмевна пријателски. Подбивно се насмевна.
насмее | св.
Поттикне некого на смеење. Ти можеш и болен човек да насмееш. Со ништо не можеш да го насмееш. Сакаше да ја насмее, но не успеваше.
насмене | св.
Спомене, потсети на нешто. Кога ја насмена младоста наша, ме натажи.
насмешка | ж.
Подбивна насмевка, потсмев. Не можеа да ги преболат неговите самозадоволни насмешки.