натегнато | прил.
Неприродно, наместено, со натегање. Зборуваше некако натегнато. Се поднасмеа натегнато.
натегнатост | ж.
Својство на тоа што е натегнато. Веќе не можеше да се скрие натегнатоста во нивните односи.
натегне | св.
Затегне, оптегне, напне. Убаво ја натегна жицата на оградата.
натежи | св.
натежне | св.
Добие поголема тежина, стане потежок. Гранките натежнале од богат род. Покривите на куќите натежнаа од снег.
натекне ми | св.
Се досети, се сети за повеќе нешта. Ми натекна сè што му кажав тогаш. Кај ти натекнаа овие работи.
натекува | несв.
натема | изв.
Во изрази: натема го (те и др.)!; натема го натема! – проклет да е!
натемник | м.
Ѓавол, сатана.
натепа | св.
Измава некого до некоја мера. Решија да го фатат крадецот и да го натепаат.