натопен | прид.
Што примил вода, течност. Натопена земја. Натопена крпа со ракија. Натопена кошула со пот.
натопи | св.
Направи нешто да прими вода, течност; наводени. Дождот убаво ги натопи зелените ливади. Го натопи лепчето со млеко.
натопли | св.
Направи нешто да биде топло малку или доволно. Да ги натоплам рацете малку, ми замрзнаа. Добро си го натопли грбот. Натопли го лебот.
натопори | св.
Покаже, истакне, испречи нешто пред некого. Војникот му ја натопори пушката на селанецот.
наточен | прид.
Што сече, остар. Наточен нож. Наточена сабја.
наточи 1 | св.
За течност – налее, тури, наполни сад за течност. Од кое вино да наточам? Наточи по едно пиво. Наточила девет бочви со вино.
наточи 2 | св.
Направи нешто да сече, наостри. Наточи нож. Наточи сабја. Наточи секира.
натпева | несв.
натпее | св.
Во пеење надмине некого со подобар, со посилен глас. Имаше чудесен глас, никој не можеше да ја натпее.
натпива | несв.