натстрешница | ж.
натстрешник_1
наттрча | св.
Во трчање престигне, победи некого.
натупа се | св.
Премногу изеде, се прејаде, се нагнете.
натура 1 | ж.
Природа.
натура 2 | несв.
натурален | прид.
Што се однесува на природата, природен. Натурален живот. Натурален развиток.
натурализам | м.
Правец во литературата и уметноста, од втората половина на XIX век, кој во уметничката постапка ги применува методите на проучување на природата, не воздржувајќи се и од многу груби описи и сцени.
натурализација | ж.
Примање странски државјанин или лице без државјанство во државјанство на една држава.
натурализира | св. и несв.
Даде, дава државјанство на странец.
натуралист | м.
Творец што во создавањето на уметничките дела го следи натурализмот.