натпреварувачки | прид.
Што се однесува на натпревар, натпреварување. Натпреварувачки правила.
натпреде | св.
Испреде повеќе отколку што било потребно.
натпретек | прил.
Во натпревар, со престигање. Децата натпретек се растрчаа по полјанката.
натприроден | прид.
Што не може да се објасни на природен начин, што е надвор од природните закони; мистичен. Натприродни сили. Натприроден свет. Натприродни суштества.
натпрозорник | м.
Греда што се поставува над прозорецот.
натпросечен | прид.
Што е над просекот. Натпросечно производство. Натпросечна заработувачка.
натрапи | св.
Случајно, без намера сретне некого или нешто. Само што тргнаа, натрапија на заседа. Кога не очекуваа, натрапија на глутница волци.
натраплив | прид.
Што се натрапува. Натраплива мисла. Натраплив човек.
натрапник | м.
Тој што се натрапува, напасник.
натрати | св.
Нагмечи, набие. Ми ја натрати раката, затворајќи ја вратата. Војниците го натратија снегот.