нафрли | св.
Со фрлање натрупа нешто на едно место или фрли, расфрли во поголемо количество. Да ги нафрлиме дрвата, после ќе ги наредиме. Ги пушти во двор гулабите и им нафрли храна.
нафта | ж.
Густа жолтеникава течност што гори, суровина за добивање бензин и други деривати.
нафталин | м.
Кристална бела материја со остар мирис, се употребува за заштита на волнени и крзнени предмети од молци и за производство на бои и други органски хемиски соединенија.
нафтоносен | прид.
Што содржи, што има во себе нафта. Нафтоносни полиња. Нафтоносни слоеви.
нафука | св.
Премногу најаде, испрејаде некого. Ги нафука децата сосила, сè и сешто.
нахален | прид.
Наметлив, безобѕирен, бесрамен.
нахија | ж.
Административна област во Отоманското Царство.
нахрани | св.
Даде доволно храна на човек или на животно. Стана порано да приготви и да ги нахрани децата. Ќе ги нахраниш коњите или ќе ги пуштиш да пасат.
нацарува се | св.
Помине доволно или долго време во царување.
нацврца се | св.
Се доведе во пијана состојба, се опие.