начек | м.
Тоа што може да го снајде човекот, што може да го доживее, да го дочека. Кажи ни што начек нè чека, што ни е пишано.
начека | св.
Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл. Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше. Ја начека топката на глава и ја упати во голот.
начелен | прид.
Што се однесува на начело; што е заснован на општи начела, што е даден во општи црти. Начелно решение. Начелен став. Начелна дискусија.
начело 1 | ср.
Основна поставка во сфаќањето на нешто, основно правило на однесување; принцип.
начело 2 | прил.
На челно место, пред сите. На софрата домаќинот седи начело. Оддома тргнаа сватовите начело со музика.
наченка | ж.
Откинато, откршено парче од нешто.
начепка | св.
Со чепкање, рачно обработи доволно или поголемо количество (волна и сл.).
начепне | св.
Открши, откине малку од нешто. Ја начепна тортата.
начесто | прил.
Со повторување во куси временски растојанија. Од некое време почна начесто да ги посетува пријателите.
начеток | м.
почеток.