начешла | св.

Со чешлање убаво замазни коса наназад. Косата му беше секогаш начешлана.

начин | м.

Постапка при вршењето на некоја работа. Начини на употреба на апаратот. Начин на производство. На еден или на друг начин. На ист начин.

начисто | прил.

Без нејаснотии, разјаснето, јасно. Беше начисто дека по таа расправија треба да се разделат. Не беше начисто дали треба да се согласи. Да бидеме начисто со тоа.

начита се | св.

Прочита доволно, многу, до задоволување. Се начита историски романи.

начитан | прид.

Што прочитал многу книги, што знае многу бидејќи многу читал. Ја прикажуваа како многу убава и начитана жена.

начичка | св.

Набоде, закачи многу чички, боцки. Кога стана, виде дека сиот се начичкал.

начичкан | прид.

Накачен со многу чички, боцки и сл. Начичканото килимче со секакви чички едвам го исчистија.

начкрта | св.

Лошо, набрзина напише или нацрта нешто.

начне | св.

Почне, започне. Подобро да не го начнуваме тој разговор.

начпара | св.

Гребне, направи гребаница со нешто остро (игла, нокт, трн и др.) Му ја начпара раката.