нацртен | прид.
Што се однесува на проучување и прикажување на тродимензионални предмети преку дводимензионални проекции, нацрти; обично во составот: нацртна геометрија.
начади | св.
Стави нешто (суво месо, колбаси и др.) да биде изложено подолго време на чад.
началник | м.
Службено лице што раководи некаква служба. Началник на управа. Околиски началник. Полициски началник.
началнички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на началник и на началница, началничка.
началство | ср.
Установа, седиште на некоја власт, управа.
началствува | несв.
Управува во должност на началник, е началник.
начас | прил.
Веднаш, за миг, во моментот. Во темницата здогледа некаква сенка, која начас ја снема. Се напи малку од таа вода и начас се почувствува некако непријатно.
начасничав | прид.
Непостојан, превртлив. Не верувај му многу, зашто сите го знаат како начасничав и несериозен човек.
начек | м.
Тоа што може да го снајде човекот, што може да го доживее, да го дочека. Кажи ни што начек нè чека, што ни е пишано.
начека | св.
Дочека нешто на раце, в раце, на нога, на гради и сл. Ако не го начекаше на раце, детето ќе се осакатеше. Ја начека топката на глава и ја упати во голот.