начуди се | св.

Се чуди многу; обично во изразот: не може да (ми, ти и др.) се начуди. Не можам да ти се начудам како го трпиш тоа. Не можеа да се начудат на дрскоста и смелоста на крадците.

начуе | св.

Чуе, потчуе нешто несигурно, непотврдено. Начув дека ја свршиле ќерката, ама кој знае дали е вистина.

начука | св.

Со чукање гранки (на орев, костен и др.) набере, собере плодови.

начули | св.

Обично во составот: начули уши – внимателно се заслуша, се вслуша. Ги начули ушите, слушаше долго време, но ништо повеќе не можеше да разбере. Ушите ги начулил и не трепка со очите.

наш | зам. прид.

Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша.

нашари | св.

Направи нешто да биде шарено, со шарење украси. Стомната ја нашари со разни цветчиња.

нашега | прил.

На шега, несериозно. Му рече нешто нашега, а тој се подналути.

нашегува се | св.

Направи доволно шеги, со шегување се задоволи.