наштимува | св.

Со штимување дотера музички инструмент.

наштрапа | св.

Насече со ножици нешто во поголемо количество или набрзина, грубо.

наштрбен | прид.

Што има откршено, одлушнато мало парче, нецелосен. Наштрбена вазна.

наштрби | св.

Открши, одлушне мало парче од нешто, оддели делче од целина, направи нешто да не биде целосно. Ја наштрби погачата. Ракописот е малку наштрбен.

наштрка | св.

Наводени, напрска, испрска нешто со тенки струи вода. Ја наштрка колата со цревото.

наштркне | св.

Се наежи, се накостреши. Косата му наштркна. Сиот наштркна од студ.

нашуми | св.

Шумне, се чуе шум. Во житото нашуми нешто.

наѓубри | св.

Стави на обработливо земјиште вештачко ѓубре или гној, нагнои. Ги наѓубри нивите пред есенското орање.

наѕемне | св.

Настине, добие настинка.