начука | св.
Со чукање гранки (на орев, костен и др.) набере, собере плодови.
начули | св.
Обично во составот: начули уши – внимателно се заслуша, се вслуша. Ги начули ушите, слушаше долго време, но ништо повеќе не можеше да разбере. Ушите ги начулил и не трепка со очите.
начури | св.
наџбара | св.
Со пипање, потамина напипа, најде. Во темницата одвај го наџбара кибритот да ја запали ламбата.
наш | зам. прид.
Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша.
нашари | св.
Направи нешто да биде шарено, со шарење украси. Стомната ја нашари со разни цветчиња.
нашега | прил.
На шега, несериозно. Му рече нешто нашега, а тој се подналути.
нашегува се | св.
Направи доволно шеги, со шегување се задоволи.
нашеќери | св.
Стави шеќер на или во нешто, облажи нешто со шеќер. Го нашеќери лепчето.
нашемаалец | м.