најлон | м.

Синтетична суровина од која се произведуваат разни предмети (чорапи, падобрани и др.).

најлонски | прид.

Што е произведен од најлон. Најлонско ќесе. Најлонски чорапи. Најлонски конец.

најми | св.

Земе под наем некого за привремена работа, нешто за привремено користење. Најмив чувар на лозјето. Најмил голем магационерски простор.

најмногу | прил.

Суперлатив од многу.

најмувач | ж.

Лице што зема нешто под наем.

најнакрај | прил.

На самиот крај, сосема накрај. Ние сме најнакрај.

најнапред | прил.

Пред сите други, прв пред сите (при одење, доаѓање, распоред на некое место, извршување на некоја работа и др.) 2. Пред сè, во прв ред (при искажување, во дискусија и сл.). Најнапред да видиме какви се досегашните резултати.

најодзади | прил.

најпосле.