најпосле | прил.

Сосема на крајот по другите или по нешто. Сите избегаа, па најпосле и тој го остави селото. Најпосле дојдоа и гостите. Го прашувале сè со ред и најпосле за најглавното. Најпосле да го истакнеме и фактот што западномакедонските говори покажуваат најголем број типично македонски црти.

најпрвин | прил.

Пред сè, во прв ред, во прво време. Најпрвин да го утврдиме присуството. Најпрво да помислиме на последиците од тоа решение. Најпрво беше мала задруга, а после прерасна во комбинат

Најроби | ср.

Главен град на Кенија.

најсетне | прил.

наљубува се | св.

Се нагледа со уживање, се наужива гледајќи нешто. Не можеше да се наљубува на убавината на непознатиот крај.

наџбара | св.

Со пипање, потамина напипа, најде. Во темницата одвај го наџбара кибритот да ја запали ламбата.

не | чест.

За искажување одречно значење.

не- | претс.

Претставка со значење:

не'рѓосувачки | прид.

Што не 'рѓосува. Не'рѓосувачки челик.