најавне | св.

Јавне, се качи на нешто. Ги најавнаа мулињата и тргнаа в град, на пазар.

најавувач | м.

Лице што најавува, што чита, што соопштува најави.

најаде | св.

Нахрани некого, даде некому доволно да јаде. Ги најаде децата и ги испрати на училиште.

најадри | св.

Стане појадар, покрупен, нарасне по обем. По дождовите грозјето брзо најадри.

најакне | св.

Стане појак, поцврст. Штом ќе ти најакнат рацете, фати се за работа. Дрвцата веќе најакнаа, време е да родат.

најамчи | св.

Стави јамка. Го најамчи коњот и го поведе.

најаска | ж.

Најадување, наситување – обично во изразите: има најаска, нема најаска. Доста е веќе, имало најаска. Од сладолед нема најаска. Тој не знае за најаска. За него никогаш нема најаска.

најде | св.

Барајќи, дојде повторно до нешто загубено, или случајно открие нешто. По два дена си ги најде клучовите во дворот. Им направија претрес во куќата, ама ништо не најдоа. Меѓу зафрлените работи на таванот најде стар ракопис.

најденче | ср.

Најдено дете, дете на кое не му се знаат родителите.