небаре | прил.

За воведување споредба – како да, како да е. Размавнува со рацете небаре се брани од оси. Се прекрстив небаре прописот е таков. Замина, а писмото сè така го држеше пред очите небаре го чита. Тргна по него небаре дресирано куче.

небе | ср.

небен | прид.

небесен.

небеса | и.

Множина од небо.

небесен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на небото. Небесен свод. Небесни тела. Небесна синевина.

небески | прид.

небет-шеќер | м.

Вид рафиниран шеќер во крупни кристали.

небиденик | м.

Проколнат човек, проклетник. Поулаве небидникот во својата беснотија. Се запустија и паѓаа во рацете на небидници

небиднина | ж.

Непостоење, празнина.

небидница | ж.

Проколната жена, проклетница; проклетник.