невен | м.
Вид цвеќе со жолто-портокалови цветови; Calendula.
невенчан | прид.
Што не е венчан, што живее во вонбрачна заедница. Невенчана жена.
неверба | ж.
Отсуство на верување во нешто, сомневање. Не знаеше дали е тоа возбуда и радост, или страв, неверба во очекуваното. Оваа вест наместо да ги успокои, само ја зголеми невербата кај луѓето.
неверен | прид.
Што не е верен, што ја погазил верноста. Неверен маж. Неверна жена. Неверна љубов.
неверие | ср.
неверица | ж.
неверник | м.
Тој што не е верен, што ја прекршува верноста.
невернички | прид.
Што припаѓа, што се однесува на неверник и на неверница, неверничка. Невернички мисли. Неверничко однесување.
неверојатен | прид.
Во кој не може да се верува, што изгледа невистинит. Неверојатен настан. Неверојатни доживувања.
неверство | ср.
Прекршување на верноста, вероломство. Не можеше да премине преку неговото неверство. Неверство во бракот. Неверство кон пријателите.