неверување | ср.
невесел | прид.
Што не е весел, тажен, нажален. Се врати дома невесел. Невесел израз (на лицето).
невеска | ж.
невеста | ж.
Девојка во деновите при стапувањето во брак. Додека ја товарат рубата, невестата се исплачува со роднините.
невестин | прид.
Што ѝ припаѓа на невеста. Невестини родители. Невестиниот брат.
невестински | прид.
Што се однесува, што е наменето за невеста. Невестинска руба. Невестинска кошула. Невестински фустан. Невестинско оро.
невестица | ж.
невестулка | ж.
Мало грабливо диво животно со долгнавесто тело од родот на куните, ласица; Mustela nivalis.
невешт | прид.
Што нема вештина, што не е извежбан за некоја работа, неснаодлив. Невешто движење. Невешти раце.
невештина | ж.
Отсуство на вештина; неснаодливост.