невралгичен | прид.
Што се однесува на невралгија. Невралгично заболување. Невралгични болки.
невралгија | ж.
Болест при која се појавуваат болки во областа на некој нерв или на одделни негови гранки.
неврастеник | м.
Тој што боледува од неврастенија.
неврастенија | ж.
Растројство на нервниот систем што се покажува во премаленост, раздразнетост, главоболка и сл.
неврат | ж.
Неопределено место од кое нема враќање; обично во составот: отиде во неврат. Сè што е убаво толку брзо си оди во неврат.
невреден | прид.
Неспособен за работа. Ја остави со две невредни деца и замина на печалба.
невреме | ср.
Незгодно, несоодветно време за вршење некоја работа, за посета и сл. Изгледа дојдов во невреме, многу доцна.
неврзан | прид.
Што не е врзан. Ги пушти коњите неврзани да пасат.
неврнење | ср.
Немање дожд, суша. Од неврнење испука земјата.
невроза | ж.
Функционално заболување на нервниот систем без видливи промени во нервното ткиво, кое се јавува поради нервна пренапрегнатост, тешки животни услови и др.