неволен 2 | прид.

Што се прави или што се јавува без влијание, без учество на волјата; несвесно, ненамерно. На измаченото лице се покажа неволна насмевка. Чекореше по патчето обземен од неволни мисли.

неволник | м.

Тој што се наоѓа во невола, што има големи тешкотии; сиромав, несреќник.

неволничав | прид.

Што е во невола, несреќен, неможен.

неволнички | прид.

Што се однесува на неволник и на неволница. Неволничка грижа. Неволнички маки.

невообичаен | прид.

Што не станал вообичаен. Невообичаена постапка. Невообичаена примена.

невооружен | прид.

Што е без оружје, што нема оружје. Редот го чуваат невооружени полицајци.

невоспитан | прид.

Што не е воспитан, што нема добро воспитување.

невработен | прид.

Што не е вработен, што не е во постојан работен однос. Бројот на невработените се намалува.

невработеност | ж.

Состојба на тој што не е вработен, што нема работа во својата професија.