невролог | м.

Лекар, специјалист за нервни болести.

неврологија | ж.

Наука за нервниот систем и за нервните болести.

невролошки | прид.

Што припаѓа, што се однесува на невролог и на неврологија.

невротичен | прид.

Што се однесува на нервите, нервен.

неврстен | прид.

Млад, на детска возраст. Неврстен син. Неврсни деца.

неврток | м.

Во изразот: четврток неврток (според народна приказна) – ден во кој не треба да се преде.

невтасан | прид.

Што не е втасан, неузреан; зелен. Сте ги обрале кајсиите невтасани.

невтасаник | м.

Брлив, будалест. Бери умот, невтасанику ниеден!

нега | ж.

Негување, грижа околу некого или околу нешто. Децата биле оставени без соодветна нега. Болничка нега. Интензивна нега.

негар | м.

Припадник на црната раса, црнец.