негарски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на негар и на негарка; црнечки.
негасен | прид.
Што не е гасен; што не е потопен во вода, нерастворен. Негасена вар.
негатив | м.
Слика на развиена и фиксирана фотографска плоча или филм на која темните и светлите места се распределени обратно одошто во природата.
негативен | прид.
Што се однесува на негатив.
негатор | м.
Тој што негира нешто.
негаторски | прид.
Што се однесува на негатор и на негаторка; што има карактер на негирање. Негаторска постапка. Негаторски однос. Негаторски став.
негација | ж.
Одрекување, одбивање. Ропството е негација на слободата.
негде | прил.
Неопределено, непознато каде, на кое место. Негде гласно и тажно мјаукаше мачка. Ми падна тука негде. Заминале негде.
негде-годе | прил.
Неопределено каде, на повеќе места, понекаде, понегде. Снегот уште негде-годе не беше стопен. На масата имаше чаршаф негде-годе подгорен од цигари.
негибнат | прид.
Што не е гибнат, цел, неоштетен. Куршумот минал, а коската останала негибната. Сè изгорело, а Евангелието останало негибнато.