негира | св. и несв.
Негативно се искаже, се искажува, оспори, оспорува нешто. Тој ги негира нашите резултати.
него | зам.
Долга форма за директен предмет и општа форма од тој, он, тоа, оно; доаѓа со кратката форма го или сама, најчесто со предлог. Го видов него. Него го видов. Со него се договорив. Никој не учи како него.
негов | зам. прид.
Што му припаѓа нему. Негова куќа. Негов часовник.
негоден | прид.
Што не одговара, непогоден за нешто. Чевлите се покажаа негодни за нашите услови.
негодува | несв.
Искажува незадоволство, несогласување; протестира. Рударите негодуваа на лошите услови за работа.
негостољубив | прид.
Што не е гостољубив, што нерадо прима гости.
Неготино | ср.
Град во Македонија.
неграмотен | прид.
негрижа | ж.
Отсуство на грижа, немање грижа за некого или кон нешто. Негрижа кон децата. Негрижа кон културното наследство.
негува | несв.
Подлага на нега, грижливо чува некого или нешто. Го негува детето. Негува болни. Негува цвеќиња.