негувателка | ж.

Жена што се занимава професионално со негување деца.

недалеку | прил.

Не многу далеку, на мало растојание. Недалеку од нив запеа петел. Недалеку од неговата куќа беше училиштето.

недалечен | прид.

Во просторот – што не е многу далечен. До нас доаѓаше недалечната врева на децата од училиштето.

недамна | прил.

недарежлив | прид.

Што не е дарежлив, скржав. Недарежлив човек.

недвижен | прид.

Што не може да се пренесува, да се преместува. Недвижен имот. Недвижно културно наследство.

недвосмислен | прид.

Што не е двосмислен, што има една, јасно изразена смисла. Недвосмислен одговор. Недвосмислен став.

недела | ж.

Денот меѓу сабота и понеделник. Во недела не се работи.

неделава | прил.

Во текот на оваа недела (седмица). Неделава треба да се преселиме.

неделен | прид.

Што се однесува на денот недела, што се прави, се случува во недела. Неделен излет. Неделно попладне. Неделен ручек.