неделив | прид.

Што не може да се дели, што претставува една целост.

неделкан | прид.

Што не е делкан, што е во природна состојба, необработен. Неделкан камен.

неделник | м.

Весник, списание што излегува еднаш неделно, на седум дена.

недело | ср.

Лошо дело, злосторство. Обвинетиот го призна стореното недело. Окупаторот изврши такви недела што никогаш нема да бидат заборавени.

недисциплиниран | прид.

Што не е дисциплиниран, што не ја почитува дисциплината.

недоапица | прил.

Ненадејно, одненадеж; во составот: од недоапица. Се појави од недоапица и ме исплаши.

недоаѓање | ср.

Отсуство од такво место (од работа, закажана средба и др.) каде што е присуството неопходно, задолжително. Поради повеќе недоаѓања на работа беше казнет.

недобар | прид.

Што не е добар, непријатен, лош. Не сакаше во негово присуство да се каже некој недобар збор. Добар, недобар, тој е ручекот, друго нема.

недоброен | прид.

Што не може да се доброи, неизбројлив, безброен. Пари недобројни. Заталка по недобројни патишта.

недоброкачествен | прид.

Што е од лошо качество; неквалитетен. Недоброкачествен производ.