недобромислен | прид.

Што нема добра мисла, добра намера; недобронамерен, злонамерен. Како злобен, недобромислен, сите го избегнуваа.

недобронамерен | прид.

Што нема добра намера, што не е добронамерен. Недобронамерен посетител. Недобронамерно прашање.

недобросовесен | прид.

Што се однесува несовесно кон работата, кон своите обврски.

недоварен | прид.

Што не е доволно варен, што не е варен колку што е потребно. Недоварен грав.

недоверба | ж.

Отсуство на доверба, немање доверба. Гледа со недоверба. Покажува недоверба. Изгласа недоверба.

недоверлив | прид.

Што нема доверба во другите, што не се доверува, се сомнева. Беше многу повлечен и недоверлив.

недоветен | прид.

Што тешко ги сфаќа, ги разбира работите, што тешко се снаоѓа, не се досетува. Дојде лошо време, доста беше некој недоветен да каже нешто, па да пострадаат многумина.

недоволен | прид.

Што не е доволен, што го нема во доволен број, во доволно количество онолку колку што треба. Недоволен број работници. Таа храна е недоволна за сите.