недовршен | прид.

Што не е довршен, завршен, што е започнат, а не е изработен до крај. Недовршена куќа. Недовршена скулптура. Недовршен роман.

недоглед | м.

Голема далечина што не се догледува; бескрај; обично со предлозите во, до: во недоглед, до недоглед. Пустелијата се ширеше во недоглед. Пред нивниот поглед се отвори морето до недоглед.

недогледа | св.

Не види нешто до крај, не согледа целосно, не забележи како, колку што треба. Недогледал дека во книгата недостигаат неколку страници.

недогледен | прид.

Што не се догледува, бескраен. Недогледна рамница. Недогледна пустина. Недогледна далечина.

недогорен | прид.

Што не е догорен до крај. По пожарот останаа само неколку недогорени греди.

недограден | прид.

Што е започнат со градење, а не е дограден до крај. Недоградена куќа.

недоделкан | прид.

Што не е доделкан, што не е со делкање обработен до потребната мера. Недоделкан камен. Недоделкани штици.

недодран | прид.

Што не е одран до крај. Дран – недодран.

недозволен | прид.

Што не е дозволен; забранет. Недозволен увоз. Недозволена трговија. Недозволено однесување. Се служи со недозволени средства.

недозреан | прид.

Што не е доволно зрел, што не е узреан, сè уште зелен. Недозреана лубеница.