недоискажан | прид.
Што не е искажан до крај, незавршен во искажувањето. Недоискажана мисла. Недоискажана намера.
недокажан | прид.
Што не е докажан, што не е потврден со докази. Недокажано обвинување.
недокажлив | прид.
Што не може да се потврди со доказ. Недокажливо тврдење.
недокастрен | прид.
недоквакан | прид.
Што не е изграден, оформен како личност; недораснат, незрел. Недоквакан политичар.
недокрстен | прид.
Неразумен, неразбран, лош по карактер. Таков беше недокрстен човекот, песосан.
недолжен | прид.
Што никому ништо не згрешил, што не е виновен. Војната не одбира, во неа страдаат многу недолжни луѓе.
недоличен | прид.
Што не личи, не доликува; непристоен. Недолично однесување. Недолична постапка. Недолични зборови.
недоловлив | прид.
Што не може да се долови, да се сфати, да се разбере. Недоловливи разлики. Недоловлива суштина.
недомаќин | м.
Лош домаќин, тој што премногу троши, растура, не води сметка за ништо.