недомаќински | прид.
Што се однесува на недомаќин и на недомаќинка. Недомаќински однос. Недомаќински разговор.
недоновче | ср.
Предвреме родено, недоносено дете
недоносен | прид.
Што не е доносен во утробата на мајка си; предвреме роден. Недоносено дете.
недоносче | ср.
недооден | прид.
Што не може да се дооди; бескраен. Недоодна рамница. Недоодни патишта.
недооран | прид.
Што не е изоран до крај. Недоорана нива.
недоотепан | прид.
Што не е доотепан, што е сè уште жив.
недооформен | прид.
Што не е сосема оформен, што не ја постигнал саканата, потребната форма. Недооформена скулптура. Недооформена реченица.
недооценет | прид.
Што не е доволно, соодветно оценет. Недооценет квалитет. Недооценета улога. Недооценет придонес.
недопадлив | прид.
Што нема квалитети за да се допадне; непривлечен. Недопадлива слика. Недопадлива облека.