недопечен | прид.

Што не е доволно, колку што е потребно печен. Недопечен леб.

недопиен | прид.

Што не е испиен до крај. Недопиена чаша. Виното остана недопиено.

недопирлив | прид.

Што никој не може да го допре, на кој никој ништо не му може. Беше недостижен, недопирлив како ѕвезда.

недопица | прил.

недопишан | прид.

Што не е допишан, што не е испишан до крај. Недопишано писмо. Недопишана страница. Недопишана тетратка.

недоплатен | прид.

Што не е доплатен до крај, што не е целосно исплатен. Недоплатен кредит. Недоплатена кола.

недоплетен | прид.

Што не е доплетен, исплетен до крај, целосно. Недоплетена мрежа.

недоправен | прид.

Што не е доправен, направен до крај. Недоправена куќа.

недопржен | прид.

Што не е доволно, колку што е потребно пржен. Недопржени компири.

недопустлив | прид.

Што не смее да се допушти, не смее да се дозволи според определени правила, прописи и сл. Недопустлива грешка. Недопустлива постапка.