недопуштен | прид.
Што не е допуштен, не е дозволен. Недопуштен потег. Недопуштен зафат.
недоразберија | ж.
недоразбирање | ср.
Неправилно, погрешно сфаќање, забуна при меѓусебно општење. Поради недоразбирање за денот на одржувањето, седницата е презакажана.
недоразбран | прид.
Што е недоволно разбран, сфатен. За многумина неговото искажување остана недоразбрано.
недоразвиен | прид.
Што не е доволно развиен, што не достигнал нормална развиеност. Недоравиен плод.
недораснат | прид.
Што уште не стигнал нормален раст, што не е пораснат. Недораснати момчиња.
недоречен | прид.
Што не е доречен, изречен до крај. Го прекинаа на недоречен збор.
недоруча | св.
Не се наруча доволно, не заврши со ручање. Кога го повикаа, недоруча и веднаш отиде.
недосеглив | прид.
Што не може да се досегне. Недосегливи облаци. Недосегливи височини. Недосегливи планински врвови.
недосетлив | прид.
Што не е досетлив. Што тешко наоѓа решенија.