недоследен | прид.

Што не е доследен, што не се придржува за дадено начело, став и сл., непостојан. Недоследна постапка. Недоследна примена на законот. Недоследни барања.

недосликан | прид.

За уметничка слика – што е недосликан до крај, што не е доработен.

недослушува | несв.

Што не слуша добро, што е наглув.

недособран | прид.

Што не е дособран наполно, целосно. Поради студот остана во полето родот недособран.

недосолен | прид.

Што не е доволно, колку што е потребно солен. Недосолено јадење.

недоспан | прид.

Што не е доспан, што не е доволно наспан. Ги разбуди децата недоспани.

недоспие | св.

Не се наспие доволно. Ако недоспие, цел ден е како задреман.

недостапен | прид.

Таков до кој не може да се стигне, да се дојде. Недостапен терен. Недостапни карпи. Недостапни височини.

недостасан | прид.

Што уште не е стасан, узреан. Недостасани плодови. Недостасано грозје.