недостатен | прид.

Што не е доста во однос на потребата, што недостига; недоволен. Недостатен материјал. Недостатна грижа. Недостатно разбирање.

недостаток | м.

недостиг.

недостиг | м.

Немање нешто во доволна мера, во доволно количество, колку што е потребно. Недостиг на храна. Недостиг на податоци. Недостиг на докази. Недостиг на меѓусебно разбирање.

недостига | несв.

Не е каде што треба, каде што се очекува да биде. Недостига една шаховска фигура. Недостига еден дел од моторот. Недостига еден играч од екипата.

недостигне | св.

Недостигнаа пари. Недостигна материјал.

недостижен | прид.

Што не може да се достигне, до кој не може да се стигне. Недостижна брзина. Недостижни височини. Недостижно богатство. Недостижни идеали.

недостоен | прид.

Што не е достоен за нешто, за некоја должност, за некое место; незаслужен. Тој не е достоен за раководно место.

недосторен | прид.

За зимница – што не е доволно сторен, што уште не е готов за соодветна употреба. Недосторени пиперки. Недосторена зелка.

недосушен | прид.

Што не е доволно исушен, сув. Недосушена облека. Недосушен тутун.