неискажан | прид.

Што не е искажан со зборови; неизречен. Неискажана мисла. Неискажани барања.

неискажлив | прид.

Што не може да се искаже, да се изрази со зборови. Неискажлива радост. Неискажливи чувства.

неискоренлив | прид.

Што не може да се искорени, да се уништи. Неискоренлив плевел. Неискоренлива болест. Неискоренлива омраза.

неискористен | прид.

Што не е искористен, што не е употребен. Неискористен кредит. Неискористени средства.

неискрен | прид.

Што не е искрен. Неискрен пријател. Неискрен однос. Неискрен одговор.

неискусен | прид.

Што не е искусен, што е без искуство, без опит; неопитен. Неискусен помошник.

неиспан | прид.

Што недоволно спал, ненаспан. Го разбудија неиспан.

неиспитан 1 | прид.

Што не е доживеан, за кој се нема личен опит. Неиспитан копнеж. Неиспитано чувство. Неиспитани доживувања.

неиспитан 2 | прид.

Што не е проучен, неистражен, непроверен. Неиспитан терен. Неиспитан материјал. Неиспитан мотор.

неисплатен | прид.

Што не е исплатен, што не е платен. Неисплатена сметка. Неисплатени долгови.