неисплатлив | прид.

Што не се исплаќа, што не донесува добивка. Неисплатлива работа. Неисплатлив проект.

неисползуван | прид.

Што не е исползуван, што не е употребен. Неисползувани средства. Неисползувана работна сила.

неисполнив | прид.

Што не може да се исполни, да се изврши. Неисполнив план. Неисполниви барања.

неисправен | прид.

За човек – што има лоши особини, лоши навици, што има некоректен однос.

неистреблив | прид.

Што не може да се истреби, да се исчисти, да се уништи. Неистребливо семе. Неистреблива зараза.

неисхранет | прид.

Што не е доволно хранет, што не е исхранет. Неисхрането дете.

неисцрпен | прид.

Што не може да се исцрпи. Неисцрпен извор. Неисцрпна енергија. Неисцрпно наоѓалиште. Неисцрпни богатства.

нека | чест.

За изразување заповед, желба, молба, одобрување, согласување и сл. Нека влезе наредниот! Нека чукнат тапани, нека се запее, ајде да заиграме. Ако е така, нека оди во туѓина. Нека заврне малку. Остави го нека работи. Нека си стои тука. Така нека биде.

некадарен | прид.

Што не е кадарен; неспособен. Кога е некадарен, зошто се нафатил.