неквалифициран | прид.
некнежен | прид.
Што се случил некни, што е од некни. Некнежниот пазар беше многу побогат. Лебот е сув, некнежен.
некни | прил.
Пред два дена од денес; завчера. До некни беа тука, а вчера си отидоа.
некога | прил.
некогаш | прил.
Неопределено кога во минатото. Некогаш овдека имало црква.
некогашен | прид.
Што е од некогаш, од минатите времиња, што бил некогаш. Некогашниот амам е претворен во музеј. Тоа е некогашната престолнина на државата. Некогашниот живот бил потежок.
некого | зам.
Форма за директен предмет и општа форма од некој1. Се распрашуваа, бараа некого. Работи со некого. Нема стан, живее кај некого.
неколку | прил.
Неопределено, непознато колку, не многу. Неколку гости. Неколку посетители. Неколку килограми. Неколку вреќи.
неколку- | претс.
Прв дел од сложени зборови кој внесува релативна определеност на означеното со вториот дел од сложениот збор: неколкувековен, неколкугодишен, неколкумесечен и др.
неколкумина | прил.
Неколку луѓе, неколку души – мажи или мешани лица; неколцина.