неколкупати | прил.

Неопределено колку пати. Се сретнале неколкупати. Разговаравме неколкупати за тоа

неколцина | прил.

Неколку луѓе, неколку души – мажи или мешани лица.

некомпетентен | прид.

Што не е компетентен, што нема компетенција.

некомпромитиран | прид.

Што не е компромитиран.

некому | зам.

Форма за индиректен предмет од некој1. Сакаше да се исповеда некому. Сметаше дека со тоа некому не згрешил.

некомуникативен | прид.

Што не сака да комуницира, да општи со средината.

неконвенционален | прид.

Што не е конвенционален, што не се држи до конвенција.

некоректен | прид.

Што не е коректен. Некоректен однос.

некорисен | прид.

Што не е корисен, од кој нема корист. Некорисен предмет. Некорисен предлог. Некорисни мерки.

некористољубив | прид.

Што не е користољубив.