некадарник | м.

Тој што е некадарен, неспособен; некадарен човек. Се фатил со некој некадарник и ништо не направил. Од такви некадарници што може да се очекува.

некаде | прил.

Неопределено каде, на кое место, во која насока. Се сретнале некаде во градот. Некаде падна гром. Отидоа некаде, не кажаа каде.

неказнет | прил.

Што не е казнет, што не добил соодветна казна, за што не е изречена казна. Се извлече неказнет за сообраќајниот прекршок. Многу грешки остануваат неказнети.

некако | прил.

Неопределено како, на некој неопределен, непознат начин. Ќе излеземе некако. Ќе стигнеме некако. Ќе се снајдеме некако. Некако влегле и ја ограбиле куќата.

некаков | зам. прид.

Неопределено каков. Некакви луѓе дошле во селото. Се скарале за некакви пари. Почувствува некаква возбуда. Треба да има некакво решение. Бара да добие некаква работа.

неканет | прид.

Што не е канет, поканет. Неканет гостин. Неканет туѓинец. В црква се оди неканет.

некастрен | прид.

Што не е кастрен, што не е искастрен. Некастрено дрво. Некастрен багрем.

неквалификуван | прид.

Што нема квалификација или што нема соодветна квалификација. Неквалификуван работник. Неквалификуван за наставник.