некој 1 | зам.
(само во форма за машки род)
некој 2 | зам.
Со именка – неопределено, непознато кој. Некоја жена те бараше. Живеел во некој стан под кирија. Изгорела некоја куќа. Во некои училишта нема парно греење.
некојпат | прил.
некритичен | прид.
Што нема критичен однос при одмерување на нештата, што не се одликува со критичност во постапките.
некролог | м.
Писмена вест за смртта на некого; жална вест.
некропола | ж.
Гробишта од античко време.
некрстен | прид.
Што не е крстен, што уште не добил име. Некрстено дете.
нектар | м.
Во грчката митологија – пијалак на боговите што ги правел бесмртни.
нектарина | ж.
Вид на праска со мазна кора; праска голиштарка.
некултурен | прид.
Што не е културен, на кој му недостига култура, необразован; непристоен. Некултурен човек. Некултурна средина. Некултурно однесување.