нелегален | прид.

Што не е легален, што не е дозволен од законот; илегален. Нелегална трговија. Нелегална организација. Нелегална партија.

нели 1 | чест.

Во прашални речници: а) За изразување сомнеж, неверување, одрекување; со значење зар не, зарем не. Нели ти реков да не одиш подалеку од дворот? Нели се најаде? Нели се најде момче за тебе? б) за потсилување на прашањето, при што се поттикнува потврден одговор. Судијата не беше строг, нели? Ова е добро, нели? Нели нема долго да останеме таму?

нели 2 | сврз.

За изразување сооднос на временски план. Нели е голема веќе, сама нека си реши. Нели е моќен, нека прави како што сака. Нели не сака да учи, остави го.

неликвиден | прид.

Што не е ликвиден во работењето, што со приходите не ги покрива расходите. Неликвидно претпријатие.

нелогичен | прид.

Што не е логичен, што не е во согласност со логиката; бесмислен. Нелогично прашање. Нелогично барање.

нелојален | прид.

Што не е лојален, што не е верен, приврзан, искрен (кон земјата, средината, пријателите и сл.). Нелојален граѓанин. Нелојална конкуренција.

нелуѓе | и.

Множина од нечовек;

нем 1 | прид.

Што е лишен од способноста да зборува. Нем човек.

нем 2 | м.

Влага на ѕид, на под, во воздухот. Ѕидот фатил нем. Во визбата има нем. Мириса на нем. Собата не е проветрена од нем.

нема 1 | несв.

Не суштествува, не посои, не се наоѓа воопшто. На островот нема луѓе. Во селото нема училиште. Таков лек нема. Нема причина за страв.