немај-каде | прил.
Во составот: до немај-каде – премногу, преку секоја мера. Беа изгубени, исплашени до немај-каде. Се навреди до немај-каде. Беше лаком до немај-каде.
немање | ср.
нема.
немее | несв.
Не зборува ништо, молчи како нем. Немее со денови, со месеци сам. Во затворот сите немееја во страв и исчекување.
неменлив | прид.
Што не се менува, што е постојано ист. Неменлива состојба. Неменлив редослед.
немерлив | прид.
Што не може да се измери, бескраен, премногу голем. Немерлива далечина. Немерлива тага.
немец | м.
немечки | прид.
Што се однесува на немак.
немешање | ср.
Откажување од мешање, отсуство на мешање во нешто. Немешање во туѓи работи. Немешање во внатрешните работи на друга земја. Поради немешање со другото население говорот зачувал постари обележја.
немиенко | м.
Тој што не е миен; немиено, нечисто машко лице.
немиење | ср.
Отсуство на миење.