нема 2 | несв.
Не поседува, не располага со нешто. Немаат куќа. Немав пари. Немале ни храна ни облека.
немажена | прид.
Нема машки род. Што не е омажена. Немажена пријателка.
немак | м.
Нем човек, маж.
немарен | прид.
Што не се грижи, не води сметка. Немарен работник. Немарен однос.
нематен | прид.
Што не е иматен, имашлив; сиромав. Некогаш бил богат, а сега е нематен.
немачка 1 | ж.
Немање, немаштија. Од немачка глава не можевме да кренеме.
немачка 2 | ж.
Нема жена.
немашлив | прид.
Што не е имашлив, што не е иматен; сиромав. Немашливи селани.
немаштина | ж.
немаштија | ж.
Немање, сиромаштија, беда. Фати голема немаштија. Секој мисли на својата мака и на својата немаштија.