немоќен | прид.
Што нема физичка сила; слаб, премален. Немоќен старец.
немски 1 | прил.
Без зборови, на начин на кој се разбираат немите. Не го знаеле јазикот, ами немски се разбирале со нив.
немски 2 | прид.
За: германски – во состави: немски јазик, немска граматика и сл.
немтур | м.
Неразговорлив, намуртен човек, маж.
немтурски | прил.
Молчеливо, намуртено. Ги поздрави немтурски. Немтурски го погледна.
нему | зам.
Долга форма за индиректен предмет од тој, он, тоа, оно; оди заедно со кратката форма – нему му. Нему му стана тешко. Треба и нему да му кажеш.
немузикален | прид.
Што не е музикален, што нема смисла за музика.
нена | ж.
Мама, мамичка. Јас сум веќе голем, нено.
ненабожен | прид.
Што не е набожен, што не верува во бога. Ненабожни луѓе.
ненавиди | св.
Почувствува ненавист, омраза кон некого или кон нешто. За неа не зборувај му – ќе ја ненавиди. Од завист ја ненавидел нивната куќа.